Кои сме ние

Маркет Ком е менаџмент консалтинг компанија која ги развива организациите преку луѓето. Им помагаме на компаниите да растат, да се менуваат и да се подобруваат. Ги трансформираме нивната работа и ресурси во успех. Им помагаме на лидерите и на вработените да се развиваат, да бидат ефикасни и продуктивни. Им помагаме да се менуваат, да растат и да станат репер за успех.

Што работиме

Ги водиме менаџерите и тимовите низ целиот процес на планирани, систематски

промени додека стигнат на посакуваната дестинација и станат репер за успех.

Проектите за развој на бизнисот им помагаат на клиентите да создадат заедничка визија и да развијат разбирање за стратегијата и целите. Нашите активности вообичаено започнуваат со ревидирање на стратегијата и позиционирање за да продолжат со ревизија на бизнис моделот и на организациската структура според конкретни можности за раст. За да испорачаме раст на бизнисот, нашите проекти интегрираат активности од повеќе дисциплини како што се: истражување и развој на нови бизнис линии, стратешки менаџмент, управување со операции, развој на производи и услуги, управување со човечките ресурси и нивен развој, маркетинг, продажба и обезбедување на квалитет.

Проектите за организациски развој ги олеснуваат организациските промени чија цел е да ги зголемат ефикасноста и ефективноста. За да постигнеме организациска ефикасност, ги поврзуваме стратегијата, луѓето и процесите. Нашите активности вклучуваат организациска проценка, реинженеринг на деловни процеси, организациски дизајн, дизајнирање на работни места, управување со иновации и промени, управување со перформансите, како и обука, коучинг и градење на тимови.

Проектите остваруваат конкретни цели и резултати за бизнисот: развој на пазарот и продажбата, основање и развој на продажни и бизнис центри, развој на логистиката, реорганизација, основање и развој на сектори, одделенија и служби, развој на системи и алатки за управување, стандардизација на деловни процеси, зголемување на квалитетот, на ефикасноста и продуктивноста, зголемување на приходите и профитот.

Ги учиме, ги обучуваме и советуваме раководните и нераководните кадри. Им помагаме да се трансформираат во подобри лидери и победнички тимови, способни да се справуваат со сложени предизвици и да создаваат постојани подобрувања. Ја обликуваме теоријата во практични знаења и вештини што ги развиваат нивните компетенции и ја трансформираат нивната работа во резултати.

Луѓето извршуваат. Луѓето остваруваат планови.

Посветеноста на менаџментот да воспостави ефективни политики, системи и алатки за човечки ресурси зависи од тоа дали поседува силна деловна способност. Работиме со лидерите на бизнисот внесувајќи експертиза која го развива капацитетот на човечките ресурси. Можете да изберете сет со услуги за вашите потреби од широкиот спектар на услуги за човечки ресурси за да ги зголемите индивидуалните и организациските перформанси.  Прочитајте повеќе …

На луѓето им се потребни одлични наставници за да ги инспирираат да се посветат на извонредноста.

Внатрекомпаниските обуки и коучинг изработени во нашата Менаџмент Академија го развиваат капацитетот на раководните и на нераководните кадри да се справуваат со сложени предизвици и да создаваат постојани подобрувања. Работиме со тимови од една организација за да оствариме брзи подобрувања и раст. Комбинацијата од обука, коучинг и работа на проекти го затвора циклусот на учење преку спроведување на новото знаење на работното место. Прочитајте повеќе на англиски или на македонски …  

Ostvaruvanje
Davame

Кому помагаме

Работиме со мултинационални и локални компании од сите големини. Дали се големи, микро, мали или средни, бизнисите треба да напредуваат. Советуваме и работиме со генерални и извршни директори, одбори на директори, директори, менаџери од средно ниво и проектни тимови. Имаме искуство и работиме со компании од производството, трговијата и услугите. Горди сме што им испорачуваме резултати над нивните очекувања.

Контактирајте не‘

Ви благодариме за вашиот интерес за Маркет Ком консалтинг. Ве молиме пополнете го формуларот долу за да закажете состанок или телефонски повик, или, пак, да поставите прашање. Користете го формуларот за да се пријавите за некој настан или да резервирате место за обука.

Успехот на бизнисот денес зависи од тоа дали луѓето ги имаат потребните компетенции и дали лидерите се посветени на создавање и одржување на ефикасни и продуктивни работни места.

Проверете ги овие линкови и прочитајте повеќе за тоа како им овозможуваме на нашите клиенти да го остварат тоа преку користење на нашите решенија за управување со човечките ресурси.

Побарајте не‘ за совет.
Со задоволство ќе ви помогнеме. Email: contact@marketcomconsultancy.com